Екипата на Легија Варшава го освои Купот на Полска откако во финалето беше подобра од Раков со 6-5 на пенали. Сепак, овој натпревар имал и трето полувреме бидејќи српскиот интернационалец Филип Младеновиќ физички нападнал противнички фудбалери.
Инцидентот настанал откако фудбалерите на Легија провокативно прославувале пред клупата на Раков и настанала мешаница, во која Младеновиќ со шлаканици им се нафрлил на Силва и Длугоса.