Уругваецот Единсон Кавани постигна спектакуларен гол за екипата на Бока Јуниорс и потсети на своите најдобри денови кога го носеше дресот на Палермо и ПСЖ.
Аргентинскиот гигант го победи Централ Норте со 3-0 во Копа Аргентина, а Кавани постигна два гола. Едниот беше особено мајсторски, вистинско ремек дело со „ножички“, со што популарниот „Ел Матадор“ потврди дека класата е вечна идека не заборавил да дава голови.
Во својата кариера Кавани покрај за ПСЖ настапуваше за Манчестер Јунајтед, Палермо, Наполи, Валенсија…