Англиските фудбалери ја продолжија практиката на клекнување пред секој натпревар.
Екипата на Герет Саутгејт клекна пред почетокот на натпреварот против Полска во квалификациите за СП (1: 1). Клекнувањето на едното колено е симболичен гест на солидарност со движењето Black Lives Matter, што се појави како одговор на полициските насилства кон црномурестото население во Америка.
Ваквиот потег на англиските фудбалери не наиде на одобрување од публиката во Варшава. Англичаните беа исвиркани, а капитенот на полската репрезентација Роберт Левандовски се обиде да ја смири публиката покажувајќи го знакот за „почит“ на дресот.