Лионел Меси беше предводникот на Агентина во победата против Боливија со 3:0. „Гаучосите“ започнаа подобро и со индивидуална акција на својот најдобар фудбалер поведоа. Немаше дилеми околу победникот кога ѕвездата на ПСЖ погоди вторпат по еден час игра, а до крајот успеа и да го комплетира својот хет-трик.
Меси собра 79 голови во кариерата и тоа го прави најдобар голгетер во Јужна Америка на интернационално ниво. Со овој хет-трик Меси го мина легендарниот Пеле со 77 голови, додека Нејмар е трет со 69 погодоци.
Бразил продолжува со перфектната серија во квалификациите за Мундијалот со победата над Перу од 2:0 во рамки од 10. коло. Перфектната репрезентација на Тите ја запиша осмата победа, неколку дена по прекинот на дербито со Аргентина. Стрелци на головите на петратниот светски првак беа Евертон Рибеиро и Нејмар.
Домашните фудбалери отворија со погодокот на Рибеиро. Работата пред паузата ја заврши Нејмар, кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата од непосредна близина. Продолжението донесе подобра игра на Бразилците, а Перу немаше сериозна шанса да запише гол за утех.
Уругвај се зацврсти на третото место со минималецот над Еквадор (1-0). Херој на домашната репрезентација беше Переиро, кој го „скрши“ противникот во надополнувањето од мечот, кога реализира одличен центаршут со глава.
На останатите натпревари, Парагвај ја совлада Венецуела (2-1), а Колумбија беше поуспешна од Чиле (3-1).
- Парагвај – Венецуела 2-1:
- Колумбија – Чиле 2-0:
Квалификациите на КОНМЕБОЛ продолжуваат во октомври со уште три кола.