Откако Усеин Болт изјави дека најдобрите спринтери во светот не се подобри и побрзи од него по пензионирањето, се огласи олимпискиот победник Марсел Џејкобс и го предизвика .
Италијанскиот спринтер Ламонт Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион на 100 метри од Токио, ја предизвика атлетската легенда, пензионираниот Усеин Болт, кој неодамна тврдеше дека лесно можел да победи на трката во Токио.
„Ти си мојот херој, ти благодарам за сè, но исто така рече дека си сигурен дека ќе победиш, па затоа сум подготвен за предизвик“, напиша Марсел Џејкобс на својот Инстаграм профил во неделата.
„Предлагам да започнеме со хуманитарен настан кој се состои од трка која обично ја практикуваат децата. Во Италија тоа се нарекува рубабандиера каде две групи деца се натпреваруваат во штафетна трка со знамиња, кои се на десет или дваесет метри. Земете го вашиот тим и дојдете “, напиша Џејкобс со пријателски тон.
Пред една недела, Јусеин Болт тврдеше дека можел да победи на трката на 100 метри во Токио и да биде побрз од Џејкобс кој победи со резултат 9,80 секунди. Личниот и светски рекорд на Јамајканецот е 9,58 секунди. 35-годишниот Болт се пензионираше по Светското првенство во 2017 година.