Причина за тоа беше фантастичниот пресврт на домашниот тим, кој со головите на Бетиус во 84. и на Ингвартсен во 88. минута дојдоа до посакуваниот триумф. Претходно, „фармацевтите“ двапати беа во водство по головите на Шик во 35. и на Аларио во 74. минута, но Мајнц успеваше да изедначи прво преку Мартин во 57. минута, а потоа и во четири минутниот блиц-криг на крајот.
Леверкузен со овој неуспех пропушти шанса да ѝ се приближи на второпласираната Борусија Дормунд и сега останува на минус пет бода зад „милионерите“ (41-46), но со меч повеќе, додека на врвот е неприкосновен Баерн Минхен со 52 бода.