Италијанскиот возач Франческо Бањаја победи на трката за Големата награда на Холандија, а актуелниот шампион Фабио Квартараро не се прослави и можеше да заработи сериозна повреда.
Квартараро на почетокот на трката направи грешка и падна, по што можеше да се забележи дека има проблеми со моторот и сакаше да се откаже, но од екипата не му дозволија.
Потегот на тимот дефинитивно беше погрешен, а потврда за тоа стигна неколку кругови подоцна, кога Квартараро доживеа страшен пад.