Тимот на Виртус Болоња покажа моќ, знаење, квалитет и убедливо го победи Армани Милано (83-65) во дерби натпреварот во првата италијанска лига.
Домаќините беа многу пофокусирани, поквалитетни на паркетот каде добија три од четирите четвртини и заслужено дојдоа до триумф со кој сега имаат четири бода повеќе од „манекените“ од Милано.
Четворица играчи на Болоња беа двоцифрени од кои тројца има по 18 поени, но кога е во прашања атракцијата, магијата најдобриот момент го имаше кој друг ако не Милош Теодосиќ.
Србинот одново изведе потег во негов стил, фантастично го проигра Хекет кој реализираше за големо задоволство на присутните во салата во Болоња.
https://twitter.com/parallelecinico/status/1513200955302502404?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513200955302502404%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fteodosikj-izvede-nova-magija-navivachite-go-skandiraa-negovoto-ime-video%2F
Потоа фановите го скандираа името на Милош и му пееја „Але, але, але, Милош, Милош“. Искусниот ас го заврши мечот со 9 поени и 7 асистенции за 14 минути на теренот.