МЗТ по две ипол минути од последниот дел од мечот дојдоа до највисоките плус 14 (72-58), но тогаш како да застанаа. Тоа го искористи тимот на Тони Симиќ, кој со серија 12-0 се врати целосно во натпреварот и најава голема драма. Сино-белите, за среќа, го имаа расположениот Адем Мекиќ, кој постигна неколку исклучително важни тројки со кои речиси сам го одбрани последниот налет на противникот.
Јунакот Мекиќ беше убедливо најефикасен на натпреварот со 27 поени и со пет тројки од десет обиди, а веднаш зад него беше Дамјан Стојановски со 16 поени (четири тројки). Недин Мустафица со 24 и Емерсон Џексон со 23 поени беа најпрецизни кај Работнички.
Тоа беше прв меч со публика по едно ипол годишна пауза, што резултира со солидна посетеност, со оглед на правилото за исполнетост само на една третина од трибините во СРЦ „Кале“ и атмосфера која на моменти потсети на некои стари добри дерби пресметки со навивачки групи на обата тима.