Ракометарките на Шведска остварија триумф од 37-32 против Холандија и така го обезбедија петтото место на Европското првенство во ракомет за жени.
Холандија имаше водство само на стартот на мечот од 3-2, по што Шведска набрзо стигна до пресврт (4-3) и нивното водство продолжи да расте до максимални осум гола разлика (19-11). Меѓутоа, Холанѓанките не се предаваа, па со серија од 4-0 намалија на 15-19.
Големата борба продолжи во вториот дел, а Шведска ја одржуваше безбедната разлика од четири-пет гола на стартот, по што Холандија успеа да намали и на 28-29, но сепак немаше сила за пресврт. Швеѓанките се разбудија во важен момент и со серија од неколку голови ја обезбедија победата (37-32).
Најдобра во составот на Шведска беше Хегман со девет гола, додека на спротивната страна по пет постигнаа Дулфер, Малестеин и Фрерикс.