Македонската Фаланга окупира дел од рестораните во Дебрецин и почна да се загрева за воведниот меч на ракометната репрезентација на Европското првенство, попладнево од 18 часот против Словенија.

Во добро расположение и со патриотски песни се загрева атмосферата пред мечот, а како ќе се ближи стартот така атмосферата уште повеќе ќе зоврива и нема илеми дека избраниците на Кире Лазаров ќе имаат голема поддршка од трибините, иако барем засега во Дебрецин се пристигнати неколку автобуси со македонски навивачи и дваесетина автомобили од Македонија кои во приватна режија допатуваа во Унгарија на континенталниот шампионат.