Селекторот на репрезентацијата на Камерун, Ригоберт Сонг изјави дека не знае ниту еден репрезентативец на Србија.
Србија на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Г против Камерун, Бразил и Швајцарија.
Ригоберт Сонг ќе мора веќе да ги започне подготовките, бидејќи не знае ниту еден играч на Србија.
„Искрено, не познавам ниту еден играч од Србија. Сега ќе побарам повеќе информации, селектор сум само еден месец. Ќе работам со мојот стручен штаб за да знаеме точно со кого ќе играме и ќе направиме добри подготовки. Ова е најтешката група на Светското првенство“, изјави Сонг за РТС.
„Мислам дека е најтешка група. Во денешниот фудбал немате слаби групи, секој има квалитет да направи нешто. Се надевам дека ќе биде многу добро натпреварување бидејќи секоја група што ќе ја видите има добри тимови и секој сака да победи. Сега секој има добри подготовки за турнирот и сите же имаат самодоверба . Сите доаѓаат овде да направат нешто и јас го сакам ова натпреварување поради борбата“.
Србија и Камерун ќе играат во последното коло на 28 ноември од 13 часот.