Тимот на Диего Симеоне и во наредната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите. Вечерва на гости тимот на Атлетико Мадрид успеа со 0:2 на гости да слави кај Елче па така освои големи и три екстра значајни бодови.
Стрелци на головите за победничкиот тим беа Куња и Де Пол, доволно за победа.
Откако Севиља киксираше дома со Мајорка вечерва играјќи само 0:0, ова значи дека “јорганџиите“ и дефинитивно го потврдија пласманот во ЛШ.