Иван Перишиќ постигна два гола за Јувентус во финалето на Купот на Италија. Интер победи со 4:2 по продолженијата, а одличниот хрватски репрезентативец погоди во 98. и 102. минута од играта.
Хрватскиот репрезентативец е еден од најдобрите играчи на Интер оваа сезона. По финалето во Рим тој проговори за својот договор кој истекува на крајот на јуни оваа година. Перишиќ има 33 години, но и понатаму е еден од најдобрите играчи во Европа на својата позиција.
Сепак, челниците на Интер се уште не постигнале договор со него за продолжување на соработката. Перишиќ зборуваше на оваа тема откако беше прогласен за најдобар играч во финалето.
„Се чувствувам како лидер, но кога тимот работи вака, тогаш е лесно да се биде лидер. Само треба да продолжиме вака. Имаме уште две финалиња и сè е можно ако продолжиме да веруваме. Верувам дека можеме да издржиме во борбата со Милан за титулата во првенството“, рече тој.
“Се уште не знам ништо. Знам само дека не чекаш до последен момент со важни играчи. Треба да го знаеш тоа”.