РБ Лајпциг стигна до минимална победа над Фрајбург со 1-0 во дербито за место во топ-4, додека Унион Берлин загуби на гостувањето кај Аугсбург со 0-1.
Лајпциг беше подобар тим на теренот и ја имаше контролата врз натпреварот, а единствениот гол за победа го постигна Кевин Кампл во 73. минута.
Лајпциг со новиот триумф скокна до третото место во Бундеслигата и има 57 бодови, односно еден повеќе од Унион Берлин кој загуби на гости кај Аугсбург со 0-1.
Останати резултати:
Борусија Менхенгладбах 2-0
Херта – Штутгарт 2-1
Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт 3-1