Конор Галагер со глава во деветтата минута ја затресе мрежата на домаќините, но водството на „сините“ траеше до 21. минута кога Вина постигна прекрасен гол за 1-1.

Челзи се разбуди во завршницата од натпреварот кога Бадиашил стрелаше за 2-1, а потоа Жоао Феликс ги постави конечните 3-1.

Манчестер сити славеше против Лидс со 2-1 со двата гола на Гундоган во првото полувреме, додека единствениот погодок за гостите го постигна Родриго.

На останатите натпревари Тотенхем победи со 1-0 против Кристал Палас, а Вулверхемптон беше подобар од Астон вила со 1-0.