Ракометарите на Охрид претрпеа изненадувачки пораз на гостувањето во Романија против Турда каде што загубија со високи 39-29 и го завршија настапот во ЕХФ Купот.
На домашен терен во Охрид минатата недела славеше победа со шест гола од 31-25 и се очекуваше со таа предност Охрид да има мирен реванш, меѓутоа денеска домаќините прикажаа одлично издание.
Избраниците на Стевче Алушовски не беа на потребното ниво. Во првиот дел во најголем дел се играше изедначено, а во завршницата Турда стигна до највисоки „плус три“ со кој замина на паузата 17-14.
Таа завршница на првото полувреме како да беше најава на она што се случуваше во вториот дел кога домакинот доминираше па дојде и до двоцифрена разлика (29-19).
Охрид не успеа да се врати во продолжението, па на крајот домашниот состав и славеше со десет гола разлика.