Воска го победи Вардар со 2:1 во дербито на 12.коло во ВМФЛ -ЗАПАД. Апсолутно заслужен триумф на тимот од Охрид кој едноставно беше подобар, знаеше што сака и како да дојде до триумфот. Изаир Емини во 3.минута го “отвори“ Вардар со прекрасен гол од слободен удар. Во 43.минута Алии погоди за 2:0. Вардар сепак дојде до почесен гол, и тоа во 87.минута со голот на Стојкоски. По мечот имаше мала гужва откако вардарци нешто реагираа кај судијата Смоквоски.
Силекс и натаму не запира. Си го “смачка“ Охрид со 3:0 и тоа со головите на Каланоски, Танушев и уште еднаш Каланоски.
Тетекс славеше на гостувањето кај Кадино со голот на Масевски.
Беса и Гостивар одиграа 1:1, додека исто така бодовите ги поделија Велешта и Кораби со резултат 2:2.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 12.КОЛО
СИЛЕКС – ОХРИД 3:0
КАДИНО – ТЕТЕКС 0:1
БЕСА – ГОСТИВАР 1:1
ВЕЛЕШТА – КОРАБИ 2:2
ВОСКА – ВАРДАР 2:1