Аргентина стана светски првак, а вонземјанинот Лионел Меси го достигна големиот Диего Армандо Марадона на својот последен меч за „гаучосите“, со два гола во финалето.
Аргентина во неверојатно финале, после изведување пенали, ја совлада Франција со 4-2 откако по 120 минути игра беше 3-3. Кингсли Коман и Аурелиен Чуамени не реализираа пенал за Франција, а Емилијано Мартинез го одбрани шутот на Коман.
Меси, Дибала, Паредес и Монтиел беа успешни реализатори на ударите од белата точка.
Неверојатното финале почна со доминација на Аргентина. Лео Меси во 23.минута од пенал донесе водство за Аргентина, а Ди Марија зголеми на 2-0 во 36.минута.
Но, потоа Килијан Мбапе стапи на сцена. Во 80.минута реализираше пенал, а една минута подоцна постигна уште еден прекрасен гол и израмни на 2-2. Мечот отиде во продолженија.
Во 109.минута, Лео Меси постигна гол за 3-2, а во 118.минута Килијан Мбапе од пенал израмни на 3-3.
Потоа сѐ се решаваше на пенали, а Аргентинците славеа и Лионел Меси дојде до трофејот што му недостигаше во кариерата.
Видео од натпреварот: