Вирџил ван Дајк со години важи за еден од најдобрите стопери во светот. Тој постави апсолутно фасцинантен рекорд на вчерашниот натпревар меѓу Ливерпул и Вест Хем.

„Црвените“ ги победија гостите од Лондон со 1-0, па Ван Дајк врза 60 натпревари без пораз на „Енфилд“ и стана апсолутен рекордер во Премиер – лигата.

Неверојатно е што холандскиот стопер НИКОГАШ не загубил првенствен натпревар на „Енфилд“, има скор од 52 победи и осум ремија.Тој го собори рекордот на Ли Шарп, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој имаше 59 врзани натпревари без пораз дома во текот на 1990-тите.

Ван Дајк дојде на „Енфилд Роуд“ во 2018 година и со Ливерпул ги освои Премиер – лигата и Лигата на шампионите.