Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски постигна погодок за Ботев Враца во поразот (2-1) против Ботев Пловдив. Тој доби шанса во второто полувреме на овој меч и успеа да се запише меѓу стрелците во 78.минута. До крајот на натпреварот постигна уште еден гол во 94. минута но му беше поништен поради офсајд. На крајот Ботев Враца не го избегна поразот.

Тимот на Бабунски се наоѓа на 12. позиција на табелата со 13 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore