Ватерполистите на Про Реко вечерва се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, кои во Белград го победија Ференцварош со 10:7 (1:2, 4:2, 4:1, 1:2).
Најефикасни во италијанскиот тим беа Александар Ивовиќ и Томаш Халок со по два гола.
Во тимот од Будимпешта подобри од останатите беа Мартон Вамош и Данил Меркулов со два постигнати гола.
Претходно денеска во првото полуфинале на базенот „11 април“, Нови Београд ја совлада Бреша со 14:13.
Утре на програмата се натпреварите за пласман, додека финалето меѓу Нови Београд и актуелниот европски првак е закажано за 19.30 часот.