Реал Мадрид штотуку го заврши второто големо засилување за сезоната 2022/23, а тоа ќе биде Орељан Чуамени!
Сите сигурни извори потврдија дека Реал и Монако постигнале договор на последната средба, а обештетувањето ќе изнесува 80 милиони евра и со дополнителни бонуси речиси околу 100 милиони!
Чуамени на маса имаше понуди од Пари Сен Жермен и Ливерпул, но ги одби бидејќи сакаше да игра за Реал Мадрид.
Чуамени ќе го потпише договорот до 2027 година, а неговиот трансфер ќе биде официјализиран до крајот на денот.
Роден е во 2000 година, израснал во Бордо, а Монако го купи летото 2020 година за 18 милиони евра.
Експлодираше во дресот на Монако, а со Дидие Дешамп стана стандарден репрезентативец.
Тој игра на позицијата последен играч за врска и ќе му биде конкуренција на Касемир.
Флорентино Перез продолжи со одлична работа летово, откако Антонио Ридигер пристигна како слободен играч без обештетување , па се чини дека Реал ќе биде уште помоќен дефанзивно со него и Чуамени, кој ќе биде уште еден столб пред Германецот и Милитао, Алаба , Карвахал , Менди и неприкосновениот на голот Тибо Куртоа .