Некогашниот голман на белградски Партизан, како и поранешен репрезентативец на Црна Гора, Младен Божовиќ според медиумите се обидел да се самоубие пукајќи си во стомакот. Тој според информациите е во тешка состојба, затоа што успеал на два пати да се погоди во стомакот како и во ногата.
Неговата состојба засега била критична и не се знае што ќе се случува со него понатаму.
Божовиќ имаше богата интернационална кариера, во Србија, Унгарија, Русија, а последно играше во тимот на Зета од Црна Гора.