Пресметката во НБА меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота заврши со триумф на езерџиите.
Фантастичната ѕвезда на Лејкерс го заврши мечот со 27 поени и рекордни 25 скокови оваа сезона, но исто така нестварниот учинок го надогради и со 5 асистенции, 7 украдени топки и 3 блокади.
Со ова, Ентони стана првиот играч во НБА историјата кој на еден меч запишал повеќе од 25 поени и 25 скокови, како и најмалку 5 асистенции и 5 украдени топки на еден натпревар.
Во блескавото издание имаше поддршка и од Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 29 поени, 8 скокови и 9 асистенции.
На останатите терени, Њујорк и Филаделфија одиграа исклучително тврд натпревар кој им припадна на „сиксерси“ со резултат 73:79, а имаше и завршна драма во која Убре и Ди Винченцо режираа боречки зафат на паркетот. Страстите зовреа и останатите играчи спречија поголем инцидент, а судиите го решија овој проблем со технички за Ди Винченцо, Хартенштајн и Рид.