Заврши американското првенство во кошарка каде Аргентина во финалето беше поуспешна од Бразил, а на подиумот им се придружија и САД…
Аргентинските кошаркари ја освоија титулата шампион на Америка откако во финалето ја совладаа домашната селекција на Бразил со 75:73.
Ден претходно, светските вицешампиони од 2019 година славеа во полуфиналето против бранителите на титулата , репрезентацијата на САД.
Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Габриел Дек, кој постигна 20 поени и забележа седум скока.
Во битката за бронза, САД славеа победувајќи ја Канада со 84:80.