Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако денеска загуби со 1-2 во сетови од Холгер Руне со 2-6, 6-4 и 2-6.

Ѓоковиќ беше многу нервозен во текот на целиот натпревар, а тоа можеше да се забележи уште во првиот сет кога загуби два гема на свој сервис и му дозволи на Руне да стигне до 6-2.

Србинот заигра подобро во вториот сет, каде што го надигра Руне со 6-4, но притоа имаше вербална пресметка со неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

Целосен распад во играта Ѓоковиќ доживеа во третиот сет, каде што расположениот Руне повторно направи два брејка и со 6-2 ја потврди победата.