Бугарските фудбалери се вратија со победа (0-1) од гостувањето во Скопје, а од Бугарија продолжуваат со нови провокации.
Околу 20.000 македонски навивачи упатија жестоки свирежи за химната на гостите, како одговор токму на провокациите и кражбата на идентитетот од бугарска страна. Но Бугарите продолжуваат во ист стил.
Провоцира и поранешниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов, кој за тамошните медиуми искажа многу „налудничав“ став.
„Мене лично не ми е јасно како Македонците можеа да ја исвиркуваат химната на своите баби и дедовци? Целата работа е чудна, но пропагандата е многу силна“, изјави Ангелов.