Ф4 на најелитното европско натпреварување е на програмата од 19 до 21 мај, полуфиналето ќе се игра во четврток, а финалето во сабота во главниот град на Србија.
Да потсетиме, фајнл-форот првично му беше доделен на Берлин, но поради епидемиолошките мерки во главниот град на Германија не е дозволено присуство на навивачи. Белград даде гаранции дека присуството на публиката ќе биде можно со потврда за вакцинација.
Главниот град на Србија беше успешен домаќин на финалето на елитното натпреварување во 2018 година, кога Реал Мадрид го освои трофејот со Лука Дончиќ.