Германскиот шампион Баерн Минхен активно ја започна 2023 година. Договорен е трансферот на Конрад Лајмер од Лајпциг кој на лето ќе пристигне како слободен агент, а баварскиот тим ќе биде засилен со две имиња и оваа зима.
Јан Зомер, голманот на Борусија Менхенгладбах, ќе се пресели на „Алијанц арена“ како замена за повредениот Мануел Нојер кој ќе паузира до крајот на сезоната поради скршеница на ногата.
Уште поголемо изненадување веројатно е ангажманот на Дејли Блинд, холандскиот репрезентативец кој се раздели со Ајакс. Тој ќе дојде како слободен агент во Баерн Минхен.