Фудбалската репрезентација на Јордан е прв финалист на Азиското првенство, откако во полуфиналето изненадувачки ја победи Јужна Кореја со 2-0.
Јордан кој е 87-ми на ранг листата на ФИФА, приреди вистинска сензација.
Корејците на претходните три натпревари постигнуваа гол после 90-та минута, во судиското продолжение, но денеска не успеаја да се извлечат и да се спасат, и беа елиминирани од тимот кој важеше за аутсајдер.
Стрелци на головите за Јордан беа Ал-Наимат и Ал-Тамари, a особено убав беше вториот гол, кога Тамари сам претрча голема дистанца и ја затресе мрежата со шут надвор од шеснаесетникот. Јужна Кореја прикажа прилично бледо издание и ниту еднаш не се обиде да шутира во рамките на противничкиот гол, а попусти беа и индивидуалните обиди на првата корејска ѕвезда, Хеунг Мин Сон, кој се обидуваше да ги мотивира своите соиграчи, но неговиот тим не успеа да постигне ниту почесен гол и на крајот заслужено загуби со 2-0.
Јордан ќе има можност да се бори за трофејот на Азискиот Куп, а во финалето ќе им се приклучи подобрата репрезентација од втората полуфинална средба, каде силите ќе ги одмерат Иран и земјата-домаќин, Катар.
Ал-Тамари во 65 минута ја зеде топката од својата половина, направи дар-мар во корејската одбрана и со прекрасен удар од преку 20 метри постигна маестрален гол со што ја запечати победата на Јордан.
Ова е голот на Алтамари за 2-0 по кој арапскиот коментатор падна во невиден транс и просто полуде од радост: