Рајо Валјекано никако не може да влезе во ритам оваа натпреварувачка сезона и полека падна во вториот дел од табелата во Ла Лига.
Тимот од мадридското предградие играше против Севилја и атакуваше на триумф против грогираниот шпански великан, кој сепак излезе како поуспешен на „Валјекас“.
Но најдобриот потег го изведе Столе Димитриевски кој со пожртвувана одбрана спречи предност за Севилја.
Столе храбро излезе и спречи чист гол на Ен Несири, но во финишот од првото полувреме немаше решение за контрата на гостите.
Македонскиот чувар на мрежата имаше уште една клучна одбрана во вториот дел, а Рајо не успеа да направи доволно за да дојде барем до израмнување.
https://twitter.com/i/status/1754620928263114880