Баерн Минхен повторно ја потврди доминацијата против Барслеона во меѓусебните дуели во Лигата на шампиони откако вечерва славеше со 3-0 на „Камп Ноу“.
Германците ја забележаа шестата победа по ред против Каталонците во елитата. Сите дилеми беа решени уште по првото полувреме кога погодија Садио Мане во 10.минута и Максим-Ерик Чупо-Мотинг во 31.минута за 0-2. Третиот гол за гостите беше дело на Бенжаман Павар во 95.минута. Баерн сега има максимални 15 бодови во групата Ц, а Барселона останува на четири бода и продолжува во Лигата на Европа, што беше јасно уште по победата на Интер од 4-0 против Викторија Плзењ.
Наполи исто така е перфектен со 15 бодови во групата А откако вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го преслуша Глазгов Ренџерс со 3-0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по подолго време беше во стартниот состав и играше до 73.минута. Џовани Симеоне со два гола во рок од пет минути (11′ и 16′) го доведе Наполи до водство од 2-0, а во 80.минута конечниот резултат го постави дефанзивецот Лео Остегард.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
5.коло
ГРУПА А
Наполи – Ренцерс 3-0
Ајакс – Ливерпул 0-3
ГРУПА Б
Атлетико М. – Б. Леверкузен 2-2
Бриж – Порто 0-4
ГРУПА Ц
Барселона – Баерн Минхен 0-3
Интер – Викторија П. 4-0
ГРУПА Д
Тотнем – Спортинг 1-1
Франкфурт – Марсеј 2-1