Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го играат натпреварот на сезоната, мора да ги победат Меси, Нејмар и Мбапе доколку сакаат да останат во Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти денеска дозна многу важна вест, а тоа е дека Тони Крос ќе биде подготвен да го започне натпреварот. Со денови се шпекулираше дека Германецот е повреден и нема да може да игра, но Крос напорно работеше на опоравувањето со лекарскиот тим за да биде подготвен.

Неговото присуство е од големо значење поради фактот што Касемиро е суспендиран, па отсуството на Крос би било голем удар за тимот. Ќе го нема и суспендираниот Менди, кога најверојатно ќе го смени Начо на левата бековска позиција, бидејќи Алаба е подобар во тандем со Милитао во срцето на одбраната.

Се шпекулира дека составот на Реал ќе изгледа вака:

Куртоа – Карвахал, Милитао, Алаба, Начо – Крос, Модриќ, Валверде – Асенсио, Винисиус, Бензема.

Доволно да помине? Вечерва од 21 часот ќе го дознаеме одговорот.