Во последните два натпревари во европските квалификации за Светското првенство во кошарка, Франција ја декласира Чешка во Париз со 95:60, додека Шпанија во Памплона беше убедлива против Исланд и славеше со 87:57.
Французите малку се мачеа во првото полувреме, кога се виде налетот на чешката репрезентација. Гостите на големата пауза заминаа со плус четири.
Сепак, во третата четвртина домашните тргнаа во петта брзина и тој период го добија со резултат 28:8. Во четвртиот беше 29:10, за сигурен триумф на Французите.
Гершон Јабуселе и Тимоти Луваву беа најефикасни со по 16 поени, а Гобер имаше 14 поени со седум скока, а Ертел седум поени и девет асистенции.
На другата страна Војчех Хрубан постигна 14 поени. Јан Весели забележа четири поени, пет скока и дури седум асистенции. Не играше повредениот Томаш Саторански.
Bо оваа група К Црногорците ја победија Босна и Херцеговина, додека Литванците славеа во Унгарија.
Во Памплона, избраниците на Серхио Скариол постигнаа 51 поен против Исланд на полувремето, а на сите им беше јасно дека гостите нема што да бараат тука.
Најефикасен на Шпанија, актуелен светски првак, беше Вили Ернангомез со 19 поени. Хамес Прадиља постигна 14 поени, а Руди Фернандес 13 поени.
Кај Исланд Елвар Фридрикссон постигна 14 поени .