Кошаркарите на Бостон ја забележаа и втората победа по ред во финалето на Западната конференција откако со 110-97 славеше над Мајами и на тој начин намали на 3-2 во серијата.
Во историјата на НБА дури 150 пати една од екипите имала предност од 3-0, но никогаш не се случило да биде направен пресврт при ваков резултат, а Бостон сега е на две победи од ваков подвиг.
Бостон до втората победа беше предводен од Вајт со 24 поени, Смарт постигна 23, додека Тејтум и Браун уфрлија по 21 поен. Во поразената екипа најефикасен беше Робинсон со 18 поени, додека нивниот најдобар кошаркар, Батлер, постигна само 14 поени.
Домашата екипа водеше во текот на целиот натпревар. Бостон го отвори натпреварот со 20-5 и Мајами веќе немаше шанси да се врати во игра.
Шестиот натпревар од серијата ќе се одигра во недела доцна навечер, евентуалната мајсторка би се играла повторно во Бостон. Во големото финале веќе е пласиран Денвер, кој со 4-0 ја доби серијата против ЛА лејкерс.