Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше против Камерон Нори со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 во осминафиналето на Мастерсот во Рим, а големо внимание привлече скандалозниот потег на Британецот кој со топче го удри неговиот ривал.
Ѓоковиќ го предаде поенот на Нори, кој имаше можност да бира каде ќе го испрати топчето, но и покрај тоа го удри Србинот во нозе.
„Ја гледав повторената снимка. Нори виде каде сум и ме погоди, иако за мене беше завршен поенот. Користеше сè што може, за да земе медицински тајм-аут, но тоа не е фер-плеј. Така не треба да се однесува никој на теренот, не го разбирам овој потег“, кажа Ѓоковиќ.