Откри и што се случуваше на паузата меѓу двете полувремиња, како размислувал селекторот Карпин , Фјодор Кудрјашов е рускиот трагичар кој си постигна автогол во 81 минута на дууелот против Хрватска на Пољуд , со кој Хрватите се пласираа дирекно на Светското првенство , а Русија ќе мора да игра бараж .
„Како што очекувавме, Хрватска веднаш не притисна. Ни беше јасно дека ќе бараат брз гол, дома, во луда атмосфера. Моравме малку да ја смириме играта, да го покажеме нашиот фудбал, но за жал, тоа не функционираше“, рече трагичарот од Пољуд, Фјодор Кудрјашов, дефанзивецот кој ја испрати топката во сопствената мрежа, Русите во дополнителните квалификации, а Хрватска на СП во Катар.
Ова е прво интервју на 34-годишниот Русин по спектаклот во Сплит, а во него зборуваше за се и сешто. Оние најинтересните делови се однесуваат на оној, за него кобниот момент , а среќен за Ватрените од 81. минута.
„На паузата Карпин ни кажа дека е невозможно да се браниме 90 минути и да дојдеме до посакуваниот резултат. Затоа сакавме да ја промениме нашата игра, верувавме дека можеме и ни беше јасно дека тренерот е во право. Излеговме на терен и сакавме да се надигруваме, но кога видовме во каква состојба е теренот … Хрватите беа во брзање, а по стартот на вторите 10-15 минути беше најтешко. Хрватите не надиграа!Во тој момент ни помина помислата дека поради лошиот терен натпреварот ќе биде полесен, дека Хрватите нема да можат да комбинираат исто како во првото полувреме, но се покажа дека тие совршено се прилагодија и продолжија да го играат својот фудбал. По 15 минути од второто полувреме имаше толку многу опасни моменти“, изјави Кудријашов за Sport-Express.ru.
А потоа на ред дојдоа последните 10 минути од регуларниот дел од играта
“Неколку секунди пред голот почувствував грч, не само позади, туку и напред. Продолжив да трчам бидејќи играта не беше прекината. Можеби требаше да паднам, да побарам помош, но Кафанов ми рече: „Што ако паднеш, а потоа дадат гол од позицијата на која требаше да бидеш? Тоа ќе беше уште поголем проблем. Барем се трудеше да играш така до крај.” А првиот тренер рече дека ако можеш, треба да трчаш додека не ти падне ногата. И јас, секогаш ќе правам се до крај. Да, денес кога ќе ја погледнете целата ситуација, може да се каже: зошто не ја пропуштив топката, но во тој момент само размислував како да продолжам да трчам со повредата. Кога топката заврши во мрежата, почувствував болка. Реков дека треба замена, но немавме повеќе право на тоа. Не сакав да ги оставам соиграчите на терен, се обидов да продолжам.“
Што се случи по натпреварот?
“Веднаш отидов во соблекувалната, дел од соиграчите ми пријдоа и ми дадоа поддршка. Тренерот и другите од стручниот штаб го направија истото. Само малку седевме, во соблекувалната владееше тишина, никој не зборуваше. Јас седев со наведната глава, загрижен и чувствувајќи дека сум го изневерил тимот, но и мојата земја. Иако тоа не може да се нарече грешка, туку случајност, тоа беше тежок момент за мене“.
Потоа следел разговор со лекар од кој побарал апчиња за мускулните болки, а потоа заедно со соиграчите се качиле во автобусот и го напуштиле Пољуд.
„Не го вклучив ни мобилниот веднаш, морав да се вразумам, да одлучам што понатаму. Подоцна видов многу пораки од семејството и пријателите и се изненадив кога видов дека многу луѓе ми пишаа со кои немав никаков или многу мал контакт.Сфатив дека нема да сменам ништо ако се убијам поради тоа.Се случи и сега е готово.Се извинив на слекторот, се сетив на неговите зборови меѓу двете полувремиња и рече дека такви работи се случуваат. Се надевам дека во март ќе му помогнам на мојот тим и ќе постигнам гол, но не во мојата, туку во противничката мрежа. Тоа е мојата цел во следните три или четири месеци. Не треба дури и да постигнам гол, но морам да дадам се од себе за да одам на Светското првенство“, рече тој.Кудрјашов.