Голот што го постигна Бразилецот Фернандо Собрал за Сеара во победата од 4:1 против Хувентуде е невиден досега во светот на фудбалот.

Играчот што го носи презимето Собрал, според градот во којшто е роден, налета на одбиена топка и мајсторски со надворешниот дел од копачката ја смести во гостинската мрежа.

Голот на Собрал можете да го погледнете ОВДЕ.

Положбата на телото е чудна и голот е исклучитечно тежок за постигнување во таква позиција.

https://twitter.com/DiarioGols/status/1591894071639183360?s=20&t=rtrKHENGxWJ3DURcyglvNw

Собрал го постигна велемајсторскиот погодок во 70-тата минута за 3:1. Двоен стрелец за Сеара беше Кабрал, а погодок даде и Ерик.

Почесниот гол за Хувентуде го постигна Пареде.