Ливерпул во фантастичен натпревар на „Енфилд Роуд“ го победи Њукасл со 4-2, а сите шест гола беа постигнати во второто полувреме.

Мохамед Салах не реализира пенал во 23.минута, Дубравка го одбрани неговиот удар, а уште два гола не беа признати поради ВАР.

Салах во 49.минута донесе водство за Ливерпул, но само пет минути подоцна Александар Ајсак успеа да израмни.

Куртис Џонс во 74.минута повторно обезбеди предност за „црвените“, а четири минути подоцна Коди Гакпо зголеми на 3-1.

Ботман погоди за 3-2 во 81.минута, но Салах од пенал во 86.минута го потврди триумфот на Ливерпул.

Со овој триумф, „црвените“ на Јирген Клоп се одлепија на три бода пред Астон Вила и пет пред Манчестер Сити со тоа што „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

,