Екипата на Барселона конечно постигна гол во Лигата на шампионите оваа сезона ја забележа првата победа по два стартни порази.
Откако воопшто не го ни видоа голот на натпреварите против Баерн и Бенфика, овој пат против киевскиот Динамо доминираше каталонскиот тим.
Голем број шанси беа пропуштени во првото полувреме а најмногу Лук де Јонг кој пропушти неколку одлични шанси.
Затоа Пике не греши кога има можност да постигне гол и токму тој погоди за победа на Каталонците од 1-0.
Со оваа победа Барселона се искачи на третата позиција.