Роналд Куман беше отпуштен од функцијата тренер на Барселона по поразот од Рајо Ваљекано (1-0) што го потврди и онака лошиот почеток на сезоната за каталонците. Замената на Холанѓанецот на големо се зборува дека е легендата на Барса, Чави, а сега е откриен и датумот на неговото деби на клупата на клубот каде ја заврши својата кариера.

Се е договорено меѓу раководството и Чави, за поранешниот играч од средниот ред да го преземе составот од “Камп Ноу”. Тој, наводно, ќе седне првпат тренерското столче на натпреварот против Селта Виго на 6-ти ноември, велат шпанските медиуми.

Чави го водеше Ал Сад во Катар, каде што успеа да освои четири трофеи за две години и да одржи процент на победи од дури од 66,3%.