На шампионот Атлетико Мадрид му беа потребни 45 минути за да ја реши индиспонираната Барселона.
Со головите на Лемар и Суарез момците на Симеоне запишаа нова победа и се израмнија со бројот на бодови со лидерот на табелата Реал Мадрид.
Интересен беше моментот кога Суарез по прекрасното додавање од Лемар го матираше голманот на Барса, Тер Штенген.
При прославата му гестикулираше на Куман телефонска слушалка и алудираше на моментот кога пред 2 сезони Куман телефонски му соопшти на Суарез дека не е веќе потребен во Барселона.
После тоа Суарез премина во Атлетико Мадрид и минатата сезона беше најдобар стрелец за мадридскиот тим.