Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски одигра одличен меч за Динамо Загреб во победата од 0-2 на гости против Салцбург. Тој беше двоен асистент на овој натпревар, за головите што ги постигнаа Сандро Куленовиќ и Бруно Петковиќ.

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија во 49.минута го послужи Куленовиќ кој успеа да донесе водство за Динамо Загреб.

Интер на драматичен начин го победи Јанг Бојс во Швајцарија, откако најпрвин не реализира пенал преку Арнаутовиќ. Домаќините не ги искористија своите шанси, а ги казни Тирам во 93. минута за 0:1 и втора победа на италијанскиот тим во ЛШ.

Ливерпул со истиот резултат го победи РБ Лајпциг, но со голот на Нуњез од 27. минута, додека нашиот Елиф Елмас конечно доби барем минимална минутажа и настапи во завршницата на мечот.

Лил го изненади Атлетико (1:3) во Мадрид, додека Манчестер Сити беше убедлив против Спарта Прага со 5:0.