Германските натпреварувачи Тобијас Вендл и Тобијас Арлт го освоија третиот последователен олимписки златен медал во санкање во двојки, на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Вендл и Арлт победија со резултат 1:56.544 минути и по златото во Сочи и Пјонгјанг, во Пекинг во двојки го освоија најблескавиот медал.

Исто така, и двајцата имаат по две златни медали во мешани двојки, од Сочи и Пјонгјанг.

Сребрениот медал го освои германската двојка Тони Егерт и Саша Бенекен со 0,099 секунди заостанување.

Австријците Томас Стој и Лоренц Колер освоија бронза со 0,511 секунди заостанување зад победниците.