Македонската тенисерка, Ѓорческа, имаше уште еден одличен настап на тенискиот турнир во Селва Гардена, Италија. Лина се пласира во четвртфинале откако направи пресврт и ја совлада Американката Амарни Бенкс со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 6-2).
Американката Бенкс е 30 места подобро рангирана на ВТА-листата, но нашата Ѓорческа покажа голема упорност и квалитет, па успеа да се врати по загубениот прв сет, доминира во следните два и стигна до победата.
Во четвртфиналето, Ѓорческа ќе игра против уште една Американка, Тајра Катерина Грант, која се наоѓа на 916-тото место на ВТА-листата. Ова е можност за македонската тенисерка за позитивен резултат и победа да се доближи до титулата.