Борусија Дортмунд oствари важен триумф (1-2) на гости против Мајнц и се проби на третото место на табелата во Бундес-лигата со 31 бод, пет помалку од лидерот Баерн Минхен.

Џовани Рејна со голот во 93.минута донесе победа за „милионерите“ на овој дуел и три злато вредни бодови.

Ли Јае-Сунг во втората минута донесе водство за Мајнц, кое траеше само две минути, бидејќи експресно израмни Џулијан Риерсон. И кога сите очекуваа дека ќе дојде до поделба на бодовите, во самиот финиш Рејна донесе триумф за Борусија Дортмунд.