Фудбалерите на Реал Мадрид, Давид Алаба и Иско се позитивни на коронавурус и одат во изолација, соопштија од таборот на „кралскиот клуб“.
Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ има големи проблеми со заразени играчи, бројката секојдневно се зголемува и не се знае дали следните натпревари на Реал Мадрид ќе се играат според планот. Иско и Алаба се последни во низата, а минатата седмица позитивни тестови дoбија Лука Модриќ, Родриго, Асенцио, Марсело, Лунин и Бејл.
Крелевите следниот натпревар го играат утре, против Атлетик Билбао. Тој е последен дуел за оваа календарска година.