Јуве не губи време и веќе најде замена за португалецот. Италијанецот Мозес Кин пристигнува кај црно-белите на двегодишна позајмица од Евертон. 21-годишниот напаѓач в недела ќе ги изврши потребните медицински прегледи. По истекот на позајмицата, Јувентус ќе има право на откуп за 25 милиони евра. Во тој случај, Кин би потпишал нов тригодишен договор со Јувентус.
Мозес Кин веќе беше играч на Јуве од 2017 до 2019 година, кога Евертон го купи за 27.500.000 евра а минатата сезона беше на позајмица во ПСЖ.