Португалскиот ветеран Кристијано Роналдо не можеше да ги задржи солзите откако неговиот тим Ал-Наср го загуби и вториот трофеј оваа сезона во Саудиска Арабија. Во финалето на Купот на Кралот, Ал-Наср беше поразен на пенали (4-5) од Ал-Хилал.
CRISTIANO RONALDO TOUT PROCHE D’UN BUT EXCEPTIONNEL. 😱
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 31, 2024
39 ans. 🍷
pic.twitter.com/TsVDD33eDy
Дуелот се одигра на стадионот „Кинг Абдула“, натпреварот беше со доста шанси и атрактивни потези и беше максимално драматично, а на крајот повторно Ал-Наср остана со празни раце.
Ал-Хилал поведе со голот на Александар Митровиќ во седмата минута, а Ал-Наср израмни преку Ајман Јахја во 88.минута. Во финишот на регуларниот дел имаше дури три исклучувања. Во продолженијата немаше голови, а на пенали подобри изведувачи беа фудбалерите на Ал-Хилал.
Cristiano Ronaldo in tears... He's been let down yet again. The story of his career.pic.twitter.com/Y2K9v8yWa0
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) May 31, 2024
Херој во пенал серијата беше мароканскиот голман Јунис Боно, кој одбрани три пенали. Кристијано Роналдо на тој начин ја заврши сезоната без трофеј и низ солзи.